Целиот свет му се поклонува на момчето од Сомбор! Никола Јокиќ постави уште еден нов неверојатен рекорд во НБА лигата – за ‘мајсторот’ нема граници!

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија тимот на Лос Анџелес Лејкерс во третиот натпревар од финалето на Западната конференција, и сега имаат водство од 3:0 во серијата и се на чекор до финалето на НБА.

Србинот, Никола Јокиќ, го заврши натпреварот со 24 поени, шест асистенции и осум скока, а дури 15 од 24-те поени ги постигна во последниот дел каде едноставно беше незапирлив на теренот.

Во ноќта зад нас, момчето од Сомбор по којзнае кој пат во кариерата испиша нови страници од историјата на НБАНикола Јокиќ по синоќешниот натпревар стана само вториот кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој во една сезона собрал 2000 поени, 1000 скока и 800 асистенции.

Инаку, првото место му припаѓа на Оскар Робертсон, кој го постигнал овој успех во сезоната 1961/1962 година.

Првата „меч топка“ Денвер Нагетс ќе ја имаат ноќта меѓу вторник и среда, кога во Лос Анџелес ќе се одигра четвртиот натпревар од оваа серија.