ТАЖНА ВЕСТ – Почина еден од најпознатите писатели: Се бореше против опасна болест, но ја загуби битката на животот на 73 години

Мартин Амис, британскиот писател на црна комедија, почина на 73-годишна возраст, објави неговиот издавач на социјалната мрежа Твитер во неделата.

Мартин Амис починал во петокот во својот дом во Флорида, објави претходно New York Times, за што сопругата на писателот, Изабела Фонсека, вели дека смртта е предизвикана од рак на желудникот.

Авторот на 14 романи, беше именуван во 2008 година како еден од 50-те најдобри британски писатели од 1945 година и два пати беше номиниран за престижната „Букерова“ награда.

Мартин Амис, често нарекуван еден од најиновативните автори на неговата генерација, е син на британскиот писател Кингсли Амис.