Весна Змијанац ја нападна Брена: “Отсекогаш сме биле ривали! Јас сум уметник, таа пее детски песни!” (фото)

На крајот на осумдесеттите, Весна Змијанац и Лепа Брена беа најпопуларните фолкерки во СФРЈ, но и најголемите ривали на музичката сцена.

За време на едно телевизиско гостување, Весна отворено проговори за врската со познатата колешка и што мисли за нејзините песни.

Водителката во една прилика ја праша Змијанац дали е вистина дека тие две со години се во лоши односи, а одговорот на Весна изненади многумина.

– Знаете што, кога сакаме рекламирање се договараме. Јас и Брена отсекогаш сме биле конкуренти, ривали. Со тоа што Брена е шоумен, а јас пејачка, артист. Ние две сакаме да бидеме во конфликт. И тогаш драмата е еден месец, а ние седиме во ресторан и пиеме кафе. Или патуваме некаде во светот.

Откако откри дека нивните караници биле лажни и исклучиво во служба на шоу-бизнисот, „кралицата на тагата“, која своевремено го „патентирала“ кожненото мини здолниште на сцената, истакнала дека нејзината колешка ја повикала да учествува во документарниот филм „Лепа Брена и годината на „Слаткиот грев““. Потоа ја нарече пејачка на лесни ноти!

– Ми се јави да кажам нешто за неа во документарецот. Ниту таа би можела да биде одлична без мене, ниту јас без неа. Имаме сосема различни кариери. Мојата публика е сериозна публика, која сака добра и сериозна песна. Публиката на Брена беше деца, таа ги пееше песните „Ćacak, Ćacak“, а јас „Svatove“, „Kad zamirišu jorgovani“ и сите тешки композиции.