Весна Змијанац 26 години чувала морничава тајна: Се зборуваше дека Славко Бањац бил осакатен во сообраќајна несреќа, а цел живот живеел со уцени (фото)
Славко Бањац и Весна Змијанац останаа пријатели по мега хитот „Ja imam nekog a ti si sam“, па со години ја чуваше тајната зошто Бањац се повлече од естрадата.
Некакви измислици од типот дека бил изобличен во сообраќајна несреќа и затоа не пее повеќе, но Весна остана лаф и си ја заштитила безбедноста. Пејачот дури неодамна се врати во јавноста и тогаш призна дека бил принуден да се откаже од кариерата бидејќи му се заканувале опасни луѓе. Поточно, го уценувале и му дале понуда која не сакал да ја прифати. Не го убедија ни со пари, туку одбивањето значело дека е против нив. Славко Бањац потоа се повлече од сцената за да го зачува својот живот и безбедноста на своето семејство, иако музиката беше единственото нешто што тој некогаш сакаше да го прави.
Бањац и денеска не сака детално да каже кој и со што го уценувал, но призна дека „Србија би изгорела“ доколку каже сè. Иако во оваа прилика не се огласи, многумина мислат дека Весна знаела сè и дека го штитела својот колега бидејќи поинаку не можела да му помогне. Тој признава дека тие двајца често се слушаат и разговараат и дека сега имаат во план нова соработка, бидејќи хитот што го снимија пред 26 години стана евергрин.
Инаку, Славко на сцената беше активен само десет години и за тоа време сними дури шест албуми. Во тие денови тој беше многу популарен меѓу девојките, а се зборуваше дека е многу вљубен во сестрата на познат ватерполист, со која имал дете. Синот завршил физика, магистерски и докторски студии со просек 10.00, сега е во добри односи со татко му, но сепак го носи презимето на мајка му која е угледен кардиолог.