Вечера од 58.000 евра! Жена во ресторан направи фатална грешка: Кога келнерот ја донел сметката, за малку ќе се онесвестила (ФОТО)
На нејзината маса биле нарачани 1.850 порции патка, 2.580 порции лигњи и 9.990 порции ракчиња.
Г-ѓа Ванг дојде со пријателка во популарен ресторан во југозападниот кинески град Кунминг. Нарачале локални специјалитети, а потоа таа решила да направи неколку фотографии и да ги објави на „WeChat“ (кинеската верзија на Инстаграм).
И додека уживала во вкусната храна, ѝ пришол келнер, ѝ ја покажал сметката и ја замолил да ја потврди нарачката вредна 430.000 јуани (околу 58.000 евра)!
Жената за малку ќе се онесвестила кога сфатила дека преку QR-кодот на нејзината маса биле нарачани 1.850 порции патка, 2.580 порции лигњи и 9.990 порции ракчиња.
И како навистина се случи ова?
Имено, г-ѓа Ванг случајно го сликала QR-кодот, ја објавила фотографијата на социјалните мрежи, а корисниците на „WeChat“ го искористиле тоа, а во ресторанот доаѓале нарачки по ред.
Г-ѓа Ванг веднаш ја избриша објавата, но ресторанот сепак беше преплавен со нарачки. Набргу по скандалот, објектот воведе нови правила за нарачка. Оброците може да се нарачаат само доколку сте во непосредна близина.