Вечерва го поместивме ЧАСОВНИКОТ НАПРЕД, а ова остава НАЈГОЛЕМА ПОСЛЕДИЦА на ОВОЈ ОРГАН, тврди доктор – практично го „ШОКИРА“! Еве на кого нема да му годи летното сметање на времето

Летното сметање на времето во Македонија започна ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 31 март, кога часовниците ги поместивме во 2 часот наутро на 3 по полноќ. Низа студии докажаа дека овој принцип е штетен за општото здравје, особено кога станува збор за хронични пациенти, а советот на експертите е да се зголеми грижата за себе во овој период.

Од друга страна, повеќето нема да почувствуваат никакви последици, иако дамите кои се грижат за младешкиот изглед и нега на кожата може да се соочат со непријатности.
Имено, водечките дерматолози тврдат дека еден час помалку во кревет влијае на нашиот внатрешен часовник, поради што кожата почнува побрзо да старее.

„Секое нарушување на нашиот внатрешен ритам има негативни последици, мали или поголеми, а тоа прво се рефлектира на кожата“, вели Кендис Браун од реномирана лондонска клиника.
Истражувањата покажаа и дека нашата кожа има свој ритам според кој функционира и дека има одредено време кога се обновува, најчесто попладне или навечер. Кога тоа е нарушено од пролетното движење на часовникот, се јавува нерамнотежа, па затоа треба да и се помогне.

Се препорачува да направите пилинг за да ги отстраните сите мртви клетки и да и дадете нов сјај на кожата. Исто така, негувајте ја кожата со серум со витамини Е и Б и богата хидратантна крема. Тоа треба да ги ублажи ефектите од оваа промена.

Да потсетиме, се почесто се споменува предлогот да се укинат ваквите практики и земјите да се определат за летно или за зимско сметање на времето, но одлуката за ова се одложува.