– Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, попладнево се служи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.
На богослужба присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.
Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје.
Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.
Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.