На водителката на РТС ѝ се закануваат 10 години затвор: Против неа е поведена истрага и кривична постапка (фото)

Против водителката на РТС е покрената официјална истрага поради тепачка со нејзиниот вонбрачен партнер.

Нејзиниот случај го води Основното јавно обвинителство Младеновац, бидејќи е територијално надлежно, се наведува понатаму.

– Против неа е покрената истрага во ОЈО Младеновац, за кривично дело семејно насилство за кое е предвидена казна затвор од две до 10 години – тврди изворот, пренесуваат локалните медиуми.

Според понатамошните написи, тепачката настанала поради љубомора на водителката, бидејќи дознала дека сопругот ја изневерува, поради што таа го навредувала и му се заканувала, а тој возвратил со насилство кое прераснало во тепачка.

– Откако добила шлаканица, таа го удрила партнерот во око. Тој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на окото и му била укажана лекарска помош, по што е упатен на домашно лекување – објасни упатениот.

Според одлуката на судот, на водителката и’ е изречена итна мерка: Забрана за пристап и комуникација со оштетениот, пишува српскиот портал „Република“.