Калифорниската компанија Aptera Motors ја претстави конечната верзија „подготвена за производство“ на своето електрично возило на соларна енергија. Автомобилот наречен Aptera беше изложен на овогодинешниот Consumer Electronic Show во Лас Вегас.
Според компанијата, Aptera сега е во „конечна развојна фаза“ каде што се тестираат „производствениот дизајн, производните компоненти и клучните перформанси како што се опсегот, способноста за соларно полнење и ефикасноста“ на три тркала.
Што се однесува до досегот, во 2019 година беше најавено дека ќе биде до 1.610 километри со едно полнење, како и до 65 километри дневно возење со помош на сончева енергија. Меѓутоа, сега Aptera тврди дека има домет од 644 километри со едно полнење, како и веќе споменатите 65 километри на „сончева енергија“.
Од компанијата велат дека Aptera може да се наполни преку брз полнач за помалку од еден час за да понуди автономија од 644 километри. До каде е целта на домет од 1.610 километри останува да видиме.
Автомобилот има интегрирани соларни ќелии од 700 W, лесна композитна каросерија, три електрични мотори сместени во тркалата, погон на сите тркала и две седишта. Забрзува од 0 до 100 km/h за околу четири секунди и достигнува максимална брзина од 163 km/h.
Зборувајќи за дизајнот подготвен за производство, Аптера истакнува дека соработуваат со компанијата Pininfarina, која е меѓу најдобрите во својата дејност. Отпорот на воздухот е 0,13.
Компанијата веќе има 50.000 нарачки за Aptera, чија вкупна вредност е 1,7 милијарди долари. Според таа пресметка, еден автомобил во просек чини 34.000 долари.
Оние кои живеат во сончева Калифорнија веројатно ретко ќе треба да ја полнат батеријата, бидејќи бесплатната сончева енергија ќе ја заврши работата.