„ВЕЌЕ НЕМА ДА МЕ НЕРВИРААТ СОСЕДИТЕ“ Еден човек покажа урнебесен начин да спаси паркинг место и ги воодушеви сите со својата идеја (ВИДЕО)

Наоѓањето или зачувувањето на идеално место за паркирање во градот е една од најлошите работи што се чини дека го мачат целиот свет.

Еден човек на хумористичен начин покажа како го чува своето паркинг место и ги насмеа сите

Поради ова, еден човек од Сан Франциско, Калифорнија, САД, дошол до урнебесна идеја да си го зачува „своето“ паркинг место за себе. Како што можете да видите од неговото видео на TikTok, идејата не му успеа баш, но она што го направи беше насмевка на многу корисници.

Имено, на видеото можете да видите како Зак вади пумпа и автомобил на надувување од својот автомобил и го користи за да земе место за паркирање кое планира да го зачува за подоцна.

Меѓутоа, откако го напуштил местото со својот вистински автомобил, неговиот автомобил за надувување брзо одлетал .

@zachking

How to save your parking spot

♬ original sound – Zach King

„Отидов на Google да купам еден“

Иако Зак е светски познат по неговите духовити, фотошопирани, обработени, но и многу оригинални клипови, овој изгледа е најреален – бидејќи ги погоди апсолутно сите возачи.

„Леле, оваа ми е омилено досега“ , „Види, види, ова може да оди во делот „како да го зачуваш твоето паркинг место“, „Буквално гуглам дали има автомобили на надувување. Ако има,ќе одам да купам “, „Ова е генијално “, Тоа кажи ми го, веќе нема да ме нербираат соседите“, гласат дел од коментарите под видеото.