ВЕЌЕ ПУКНА Баерн го продаде Садио Мане на крајот од сезоната

Раководството на Баерн планира да го продаде сенегалскиот фудбалер Садио Мане на крајот од сезоната, тврди Sky Sports.

Поради суспензија, Мане викендов го пропушти натпреварот помеѓу Баерн и Хофенхајм (1:1) во Бундеслигата. Сенегалскиот фудбалер е суспендиран откако го удри соиграчот Лерој Сане во лице по поразот од Манчестер Сити во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите (0:3).

Новинарот на Скај Спортс, Флоријан Плетенберг, тврди дека раководството на Баерн по разговорот со тренерот Томас Тухел решило на крајот на сезоната да го продаде Мане, кој наводно сака да се врати во Премиер лигата.

Плетенберг истакнува дека Баерн ќе го казни Сенегалецот со 300.000 евра за пресметката со Сане. Ова ќе биде најголемата казна за еден играч во историјата на клубот од Минхен.

Лани Мане пристигна во Баерн од Ливерпул за 41 милион евра. Пред Ливерпул играше за Мец, Салцбург и Саутемптон.