Видела голем гуштер на седиштето, па од страв излетала од патот: Невообичаена несреќа

Во несреќата, за среќа, жената не е повредена

На магистралниот пат Пљевља – Жабљак кај мостот на Ѓурѓевица Тара се случила сообраќајна незгода кога жена која управувала патничко возило изгубила контрола и излетала од патот. Сепак, причината за оваа несреќа е невообичаена.

– Службата за заштита и спасување на општина Плевља добила дојава дека возило излетало од коловозот, на главниот пат од Пљевља кон мостот Тара во Оџак – Перова Лука. Женско лице кое било зад воланот изгубило контрола над возилото во моментот кога на своето седиште видело голем гуштер – изјави за РИНУ извор запознаен со случајот.

Во оваа несреќа возачката не е повредена, а возилото исто така не е оштетено.