ВИДЕО | АВИОН СЕ УРНАЛ СРЕДЕ УЛИЦА И ЕКСПЛОДИРАЛ! Се појави драматично видео од авионската несреќа, јавноста е во ШОК!

Камерата го снимила драматичниот момент кога авионот паднал на улица во главниот град на Нигерија Лагос, а потоа експлодирал.

Неверојатна сцена се случила во прометна улица на нигерискиот главен град Лагос – спортски авион паднал среде толпа, недалеку од бензинска пумпа, до резервоар, експлодирал, но – нема загинати!

Лесниот авион „Air First Hospitality & Tours Jabiru  J430“ летал над прометната област Оба Акран во нигерискиот главен град Лагос, кога бил принуден принудно да слета во вторникот околу 15 часот по локално време. И тогаш буквално се случи чудо , пренесува „Дејли мејл“.

Моментот на принудното слетување, кој заврши со паѓање на авионот на прометна улица и експлозија, е снимен на шокантно видео.

Како што може да се види, при обидот да слета на улицата, авионот најпрвин удрил во столб, а потоа прво паднал со носот на улицата, се превртел и експлодирал .

Инцидентот се случил во близина на бензинска пумпа, додека на соседната лента минувала цистерна.

Луѓето кои се нашле на лице место во моментот на експлозијата најпрвин почнале панично да бегаат на сите страни, но многумина брзо се вратиле да го изгаснат пожарот.