ВИДЕО | АВИОН СЛЕТУВА ДОДЕКА ОКОЛУ НЕГО СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКИ ДОЖД ОД РАКЕТИ – Неверојатна снимка од Тел Авив: Еве колку навистина е моќен системот на Израел

На Интернет се појави видео-снимка која набрзо стана вирална, а на неа се гледа како патнички авион слетува на главниот израелски аеродром додека противракетниот систем ги соборува ракетите на Хамас кои паѓаат до него.

Медиумите во Израел ја прикажаа видео-снимката од авион кој се приближува до аеродромот „Бен Гурион“ направена во петокот вечерта додека против-ракетниот систем соборува ракети од Појасот Газа на ноќното небо, а тој момент односно видео можете да го погледнете ОВДЕ.

Повеќето меѓународни авиокомпании ги откажаа своите летови за Израел поради безбедносни причини по 7. октомври, кога започна конфликтот меѓу Израел и Хамас. Илјадници ракети од палестинската милитантна група беа лансирани на израелска територија во изминатите два месеци, вклучително и во правец на аеродромот.

И покрај тоа, израелската авиокомпанија „El Al“ продолжува да лета до и од Тел Авив. Таа компанија пред две децении прва ги опреми патничките авиони со против-ракетни системи.