ВИДЕО | “АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ Е ГОТОВ!?“ – цела Србија зборува за овој разговор, Американците ги губат нервите: “Тоа е наш врвен приоритет!“
Во четвртокот во американскиот Конгрес се одржа специјална расправа за состојбите на Балканот.
Американскиот сенатор Боб Менендез од Демократската партија го испрашуваше советникот на Стејт департментот за надворешна политика, Дерек Шоле, за текст објавен во весникот New York Times за наводни врски меѓу српската Влада и претседателот Александар Вучиќ со криминални организации.
„Деталниот извештај на New York Times од пред неколку недели тврдеше дека има врски меѓу насилството на криминалните банди во Србија и на северот на Косово, кои вршеле убиства и ги заплашувале политичките противници и медиумите. Советнику, дали овој извештај е веродостоен ?“, прашал Боб Менендез.
„Веруваме дека е. Мислам, не можам да зборувам за деталите од тој текст, но таму има апсолутно голема корупција“, одговорил Дерек Шоле.
„Колку се реални перспективите за Србија како доверлив партнер, со таква позадина?“, прашал Боб Менендез, на што Дерек Шоле одговорил: „Ова е нешто што постојано мораме да го повторуваме и тоа го правиме со отворени очи. Но, ние ги бараме Александар Вучиќ и неговите колеги одговорни за нивната корупција, за нивното однесување и активности. Воведовме санкции против многу луѓе од регионот. Многу јасно ставивме до знаење дека корупцијата е нешто што го пустоши целиот регион“.
„Барем според мене, корупцијата е најважната работа што ја попречува интеграцијата на регионот во Европа. И затоа ни е голем приоритет. Ова е нешто на што нашите амбасади работат многу напорно и на што посветуваме многу внимание во Вашингтон“, заклучил Дерек Шоле во својот одговор пред Конгресот.