ВИДЕО | Александар Митровиќ се сели во Саудиска Арабија !? Србинот за три сезони ќе заработи цело богатство – погледнете

Србинот Александар Митровиќ наскоро ќе стане нов фудбалер на Ал Хилал, а оваа вест ја објави профил кој добро ги познава случувањата во споменатиот клуб.

Српскиот репрезентативец во последните неколку дена се поврзуваше со клуб од Саудиска Арабија, но целата зделка беше блокирана од Фулам. Прво беше одбиена понуда вредна околу 40 милиони евра, потоа Александар Митровиќ одби да игра и да тренира со клубот, што беше аларм за стручниот штаб и едноставно мораа да го пуштат.

На крајот, лондонскиот клуб попушти и Александар Митровиќ очигледно ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Според претходните пишувања на медиумите, српскиот напаѓач ја прифатил понудата на Ал Хилал според која за три сезони би заработил 75 милиони евра.

Ал Хилал е најголемиот клуб не само во Саудиска Арабија, туку и во цела Азија, бидејќи рекордни четири пати ја освои Лигата на шампионите на тој континент.