ВИДЕО | Американската пејачка е снимена како ја прекршува строгата забрана на Мет Гала: Дали таа поради ова ќе биде отстранета од списокот на престижни гости !?

Популарната американската пејачка Доја Кат е забележана како пуши електронска цигара на големата Мет Гала вечер, со што сигурно „го подигна притисокот“ на ледената кралица на светот на модата, Ана Винтур, која е позната по тоа што строго забранува пушење на овој настан.

Но, и покрај нејзините забрани, пејачката можеше да се види како ужива во својот електронски уред за пушење и како дува дим на црвениот тепих на гала настанот на магазинот Vouge, кој оваа година беше посветен во чест на починатиот моден дизајнер, Карл Лагерфелд.

Доја Кат, чие вистинско име е Амала Ратна Зандиле Дламини, се појави на Мет Гала во костим кој наликуваше на популарната мачка на Карл ЛагерфелдШупет. Во сребрен фустан со светки дизајниран од Oscar de la Renta, пејачката им ги сврте умовите на обожавателите, а носеше и мачкини уши и нос.

27-годишната музичарка минатиот месец изјави дека е без никотин веќе 10 недели и дека користи само електронска цигара која содржи водена пареа со вкус. И покрај тоа, Ана Винтур стави до знаење дека пушењето е голем прекршок за оние кои се на нејзиниот список на гости, па прашање е дали Доја Кат ќе биде поканета на Мет Гала следната година…