ВИДЕО | АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ВЕРУВААТ ШТО ГЛЕДААТ – Никола Јокиќ уште еднаш ја покажа својата големина: “Ова е лудо и неверојатно!“

Актуелните шампиони во добар ритам ја отворија новата НБА сезоната. По првите два натпревари, Денвер Нагетс имаат две победи и двете против конкурентите од западната конференција – Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис

Вториот триумф беше забележан во најновата НБА вечер, а најзаслужни за победата беа двете најголеми ѕвезди Џамал ​​Мареј и Никола Јокиќ, кои постигнаа по 22 поени.

Воедно, српскиот центар додаде 12 скока и седум асистенции, од кои една беше особено импресивна. Имено, Никола Јокиќ изведуваше аут отстрана, од својата половина, а потоа упати „НФЛ пас“ за Арон Гордон, кој ја пречека топката во воздух и ја смести во кошот. Американците уште еднаш беа воодушевени од додавањето на Никола Јокиќ, обидувајќи се да го опишат неговиот потег со разни епитети: „апсурден, луд, чудесен, како во НФЛ“…

Неверојатната асистенција на Никола Јокиќ можете да ја погледнете ОВДЕ.