ВИДЕО | Апокалиптични сцени од Словенија – мештаните во солзи: “Нема што да ви кажеме, се е уништено…“ – погледнете

Во Словенија времето денес е помирно во однос на претходниот ден, но се уште се видливи огромните последици од невремето со град. 

Во тек е проценка на штетите и отстранување на последиците на терен, а се проценува дека штетите на инфраструктурата ќе изнесуваат милиони“, изјави градоначалникот на општина Церкно, Гашпер Уршиќ. Во таа општина беа поплавени поштенски возила, па поштата нема да биде доставена барем до понеделник, јавува N1.

Во Церкно надојдената река поплави неколку згради, поштата и сите службени возила.

Еден човек имал намера да го спаси службениот автомобил на поштата, но на крајот го спасувале него наместо автомобилот“, изјави за N1 првиот човек на службата за интервенција Александар Ковачиќ и додаде дека водотекот на реката Церкница се зголемува.

Поплавени се и бројни подруми, а на патиштата има многу кал.

Штетите на комуналната и државната инфраструктура ќе се мерат во милиони евра“, изјавил градоначалникот на Церкно, Гашпер Уршич.

Тамошните жители синоќа не спиеја бидејќи се обидуваа да спасат што може да се спаси. Но, беа уништени автомобили, гаражи, подруми.

Немам што да ви кажам, се е уништено“, низ солзи рекла една жителка за N1.

Рекордна количина на град е забележана во Долењски, а дури 12 сантиметри се измерени во Горење Лепоја Васа кај Кршко. Нанесени се големи штети на земјоделски култури, покриви на куќи и автомобили.

Од терен добив информација дека град во Кршко е со големина на јајце“, изјавил командантот на Цивилната заштита, Сречко Шестан.

Во Помурје има големи штети на земјоделските култури, но не поради град туку поради силниот ветер. Во Помурје има оштетувања и на училишни објекти, а денеска ќе ги посети словенечкиот министер за образование Дарјо Фелда.

Покривите се оштетени, особено на постарите куќи, а Сречко Шестан вели дека се надева дека овие луѓе ќе добијат помош од државата за обнова.

Агенцијата за животна средина и простор го објави својот извештај во кој наведува дека водостоите на реките денеска и во наредните денови ќе се намалуваат.