Братот на Дражен Петровиќ објасни како Јокиќ ја промени кошарката! Нови, моќни зборови на сметка на српскиот ас – „Невозможно е да се одбрани“

Веќе неколку години ја следиме бруталната доминација под водство на Никола Јокиќ , кој постојано им држи часови по кошарка на своите ривали во најсилната лига на светот.

Со неговото доаѓање во НБА лигата многу работи се сменија, а сега за тоа проговори и хрватскиот стручњак Ацо Петровиќ .

Братот на покојниот Дражен Петровиќ на Твитер напиша дека начинот на кој игра Никола Јокиќ ја променил кошарката, бидејќи тој е центарот на кој редарите му прават блокади.

Противничките играчи се целосно немоќни во одбраната, а како што вели, едноставно е невозможно да се бранат.

,,Јокиќ и Денвер Нагетс целосно ја променија играта на кошарката. Од позицијата пет, Јокиќ игра плејмејкер, а пониските играчи постојано го блокираат. Засега е невозможно да се брани. Ќе треба време за другите клубови да најдат решение за тоа“, напиша Ацо Петровиќ на Твитер.