ВИДЕО | АРГЕНТИНЕЦОТ ОД МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ПОСТИГНА ГОЛОТ НА СЕЗОНАТА – Погледнете ја мајсторијата која остава без здив
Третата последователна шампионска победа ја остварија фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои во неделата на гостувањето на „Гудисон Парк“ во 13. коло од англискиот шампионат го победија Евертон со 3:0.
Гостите поведоа во 3. минута со голот на 19-годишниот Аргентинец Алехандро Гарначо, кој сигурно ќе конкурира за најубавиот гол оваа сезона во Премиер Лигата. Младиот аргентински напаѓач го погоди центаршутот со брилијантни „ножички“ од 12 метри од левата страна и погоди во горниот спротивен агол, над целосно испружениот домашниот голман Џордан Пикфорд.
Водството на Манчестер Јунајтед во 56. минута го удвои Маркус Рашфорд од пенал, а конечните 3:0 ги постави Антони Марсијал по одличната акција и асистенција на Бруно Фернандеш.
ОДЛИЧНИОТ ГОЛ НА АЛЕХАНДРО ГАРНАЧО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!
Манчестер Јунајтед со третата последователна победа стигна до 24 бода и се проби на шестото место на првенствената табела. Евертон загуби десет бода поради казната што ја изрече управата на лигата за прекршување на финансиските прописи, па се наоѓа на второто последно место со само четири бода.