ВИДЕО | Баба по име Зорка наполнила 104 години и ја открила тајната на долгиот живот: “Пијам ракија, не можам без неа!“

Зорка Мартиновиќ Врбица од Даниловград во Црна Гора минатата година го прославила својот 104 роденден! По тој повод оваа постара, но симпатична и бистра баба, истакнала што и било најубавото нешто во животот, а без што не може и ден денес.

Баба Зорка во интервју за RTCG изјавила дека најубавото нешто во животот и било тоа што покрај себе имала прекрасен маж.

Што да бараш повеќе во животот“, рекла таа. Покрај згоден маж, таа истакнала уште една навика до која се придржува и денес, а без која, како што изјавила, не може да живее.

Пијам ракија, без ракија не можам“, изјавила Зорка Мартиновиќ Врбица, пренесуваат црногорските медиуми.

Од потомци има четири ќерки, еден син, како и 14 внуци и 20 правнуци. Таа истакнува дека сите се грижат за неа.

Добри се со мене, се грижат за мене“, вели бабата. Од друга страна, нејзините најблиски наведуваат дека Зорка Мартиновиќ Врбица само ги научила на убавина и добрина нејзините потомци.

На крајот истакнала дека нема некоја посебна тајна или рецепт за долг живот, туку дека има порака за сите.

Сè мора да биде чесно до смрт, не може поинаку. Им велам на моите деца, не земајте орев или лажица ако не е ваше“, рекла бабата на крајот од интервјуто за RTCG.