ВИДЕО | “БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ – Голема акција во Србија: Погледнете ја драматичната снимка од апсењето на балканските наркобосови – во игра се повеќе тони кокаин

Полицијата на Србија уапси 13 членови на организирана криминална група составена од неколку помали подгрупи кои дејствувале како „Балкански картел“, а се осомничени за шверц на најмалку седум тони кокаин, потврдил началникот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Цмолиќ во средата за соседните медиуми.

Тој на вонредна прес-конференција соопштил дека се уапсени организаторите на групата М.С. и М.Р., а групата е поврзана со шверц на најмалку седум тони кокаин од повеќе земји од Латинска Америка и Африка.

Во соработка со Европол, Србија успеа да ги идентификува клучните цели на нејзината територија и да ги мапира нивните криминални активности низ светот“, изјавил Нинослав Цмолиќ.

Се верува дека овој картел стои зад пратките од повеќе тони кокаин кои во Европа пристигнале од Колумбија, Бразил, Еквадор, но и преку Западна Африка како логистичка транзитна поддршка.

Клучот за разоткривање на групата, како што објаснил Нинослав Цмолиќ, било декодирањето на телефонската апликација Skype (Скајп), а членовите на групата биле уапсени во Белград, Суботица и Зрењанин.

Овој картел, кој, според него, „денес практично е уништен“, функционирал самостојно. „Тоа е најголемиот нарко картел на Балканот“, потврил висок функционер на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Функционерот изјавил дека целата запленета дрога била надвор од територијата на Србија, во други европски земји, бидејќи Србија не била заинтересирана за толкави количества кокаин. Тој не сакал да ги именува водачите на таа криминална група, правдајќи се со тоа што е во надлежност на Обвинителството за организиран криминал на Србија.