Музичарот Момчило Бајагиќ-Бајага се разведе од сопругата Емилија пред две години по три децении хармоничен брак и сега е уловен со својата нова избраничка.
Бајага се всели кај новата девојка која се однесува многу убаво со него, како што снимија камерите на „Папарацо Хантинг“.
Бајага, кој живеел во Сењак, го продал станот и сега живее во Земун. По 33 години брак се разведе од сопругата Емилија, а по извесно време тоа го потврди и на социјалната мрежа Фејсбук.
-Иако не сум приврзаник на јавното мислење и дека низ жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот… Иако, веројатно веќе знаете… Па, да објавам. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.
Бајага е уловена со новата избраничка и врз основа на видеото може да се заклучи дека се на иста возраст, а сите се изненадија кога таа му ја отвори вратата пред зградата.