ВИДЕО | Бил Гејтс откри за која теорија на заговор луѓето го запреле на улица и остро го обвинувале

Се огласи и на социјалните мрежи каде зборуваше за бизарни приказни

Милијардерот Бил Гејтс во последните години е во центарот на бројни бизарни теории на заговор.

Ако не сте информирани, поединци веруваат дека тој ја „организирал пандемијата на ковид-19“ за финансиска корист , потоа дека „чипирал луѓе со вакцини“, но и дека купил земјоделско земјиште со цел да ги „прегладне Американците“.

Основачот на Мајкрософт сега открива теорија на заговор поради која бил запрен на улица, пренесува LadBible .

Тој гостуваше во подкастот „The Rest Is Politics“ и спомна неколку непријатни ситуации.

„На сето тоа треба да се смеете. Некој ми пријде на улица, тоа се случи повеќе пати, рече дека сум го чипирал и дека го следам наоколу?! Госпоѓо, зошто би сакал да знам каде се движите? Дали навистина верувате дека така го поминувам времето?“, изјави Гејтс.

Милијардерот спомна и други тврдења кои кружат низ мрежите:

„Кога велат дека профитирам од вакцините или дека вакцините се лоши за децата“, додаде тој и откри дека има луѓе кои следат теории на заговор и оценуваат дали се „надвор од контрола“.

„Ако тие станат премногу распространети, тогаш сакате да одговорите“, рече тој.

Бизарната теорија дека Гејтс ги „чипoва луѓето“ е актуелизирана за време на пандемијата на корона.

Поединци веруваат дека со „вметнување микрочипови во луѓето“, користејќи вакцини, основачот на Мајкрософт сака „да ја преземе контролата врз населението“.Бил Гејтс

Гејтс се огласи и на социјалните мрежи, каде зборуваше за теории на заговор.

„Уште во 2015 година, предупредив дека може да има пандемија што ќе предизвика десетици милиони смртни случаи. Мојата фондација финансира истражување за вакцини за да спаси животи. Трошам милијарди на вакцини и горд сум што тие помогнаа да се преполови бројот на смртни случаи во последните 20 години. Идејата за чипови нема смисла“.

Еден корисник се надоврза на одговорот, посочувајќи дека во денешно време постои полесен начин да се следат милијарди луѓе: „Зошто да се користат чипови кога сите носиме телефони“.