ВИДЕО | Босанец пронајдел паричник полн со евра! Веднаш знаел што треба да направи парите, а поради неговиот гест, тој е топ-тема и за него зборува цел Балкан – погледнете

Судо Угарак е името на чесноста! Овој човек вчера пронашол голема сума на евра во трговскиот центар „Бинго“ во Бугојно, но веднаш знаел што ќе „прави“ со парите.

Судо Угарак се шетал со сопругата и видел новчаник полн со пари. Тоа и го кажал на сопругата, но и дека веднаш решил да го најде сопственикот на полниот паричник и да ги врати пронајдените пари.

На вработените во трговскиот центар им предал паричник со дури 5.000 евра, по што преку огласниот систем ја пронашле сопственичката и истите пари и ги предале.

Напис за тоа објави Јутјуб каналот „Средња Босна Данас“.