ВИДЕО | БОЈАН МАРИЧИЌ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ АРТАН ГРУБИ – Дали вицепремиерот ја имаше промоцијата на вчерашната средба со Талат Џафери !?
Како што веќе први и ексклузивно објавивме во вонредната политичка анализа на емисијата „Во Центар“ наменета за сите мембери односно членови на YouTube каналот Vasko Eftov, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, ќе го наследи наследи местото на Артан Круби во новиот владин кабинет предводен од идниот технички премиер, Талат Џафери.
Оваа информација од страна на новинарот Васко Ефтов беше пласирана во јавноста во вторникот, за веќе денес (четврток) дел од медиумите да ја превземат и пренесат како ексклузивна.
Бојан Маричиќ, според информациите, ќе остане и заменик-претседател на Владата за европски прашања, позиција на која тој е во овој момент. Неговото „унапредување“ во прв вицепремиер еден вид веше најавено претходниот ден, кога Бојан Маричиќ сподели фотографии од средба со колегите од пратеничките групи кои се состанаа на последна координативна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Така, кога сите го испраќаа Талат Џафери, Бојан Маричиќ го дочека на местото технички премиер.
Еден од најголемите „виновници“ за Владата на Димитар Ковачевски да не заврши во политичка пензија е токму Бојан Маричиќ. Тој е играчот кој всушност ги редеше односно ги креираше речиси сите политики на Владата предводена од СДСМ.
Бојан Маричиќ е играчот кој им ги реди коцките на власта, почнувајќи од црните лисити на САД, францускиот предлог, преговорите со Бугарија, одредени вомрежувања на СДСМ со меѓународната заедница и така натаму, а ВМРО-ДПМНЕ остана слеп на овој процес и дури пред некоку месеци сфати кој е главниот играч во Владата на Димитар Ковачевски.
Човекот кој ги влечи конците од позадина е токму Бојан Маричиќ – „master-mind“ кој од позадина ја води целата операција – за сите најнови информации околу формирањето на техничката Влада, последните политички случувања во Македонија и многу други ексклузивни информации, бидете мембер (член) на YouTube каналот Vasko Eftov, бидејќи вие имате право да ја знаете вистината.