Си ја продавала својата крв за да преживее, а денес не знае што да прави со милионите: Познатата пејачка била на работ на егзистенција, а денес живее како кралица

Познатата пејачка Никол Шерцингер се прослави во групата „Pussycat Dolls“, чиј фронтмен беше токму таа.

Иако денес важи за една од најубавите жени и има завидна фигура, нејзиниот живот воопшто не бил од бајките. Имено, таа во студентските денови живеела многу тешко, и се занимавала со разни работи за да се прехрани.

Пеела опери во италијански ресторан, продавала шминка, па дури и дарувала крв за да собере пари.

Јас бев најсиромашна додека учев. Давав крв за да добијам пари“, откри во една прилика Никол Шерцингер.

Таа признала и дека нејзиниот најчест оброк во тоа време биле палачинки со вода, бидејќи биле евтини и доволни за да ја насити.

Никол Шерцингер
Никол Шерцингер

Го сакам моето семејство многу, но никогаш не сум имала некој да ми купи автомобил или да плати часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојата работа“, тврди Никол Шерцингер.

Никол Шерцингер често беше во центарот на медиумското внимание поради нејзините врски. Неодамна таа и рагбистот Том Еванс ја прославија првата годишнина од нивната љубов, а многумина коментираа дека тој изгледа среќен и исполнет покрај неа.

Пред него таа беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а како што се шпекулираше токму таа раскина бидејќи немал сериозни намери со неа.

Никол Шерцингер беше во врска и со Формула 1 возачот Луис Хамилтон седум години, а како што еднаш кажа, ја прекинале врската затоа што не можеле често да се гледаат поради обврските.