ФОТО | “ГО НОСЕШЕ СИН МИ ВО РАЦЕ!“ – потресна објава на мајка за убиениот чувар од масакарот во Белград ја потресе цела Србија

Училишниот чувар во основното учичиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, Д.В. (51 г.), кој беше убиен во масакрот заедно со уште осум малолетни ученици, немал свои деца, но ги чувал сите ученици како да се негови. Бил омилен меѓу учениците, па дури и кај момчето што ја приреди оваа голема трегедија.

Мајката на еден од учениците од ова училиште на социјалната мрежа Инстаграм објави дека тој бил секогаш таму да им помогне на децата и да биде покрај нив во тешките моменти.

Чичко Д.В. го носеше син ми Вукашин од кабинетот до канцеларија кога ја скрши ногата за да не пропушта настава, во време кога се враќаа во клупите децата по вирусот Ковид-19. Петто одделение“, напишала мајката на момчето во објава со фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

Драган Влаховиќ

До неговото вечно почивалиште го испратија илјадници луѓе, млади и ученици од ова училиште но, и од целиот Белград, што само покажува колку бил ценет и почитуван убиениот Д.В.

Тој беше еден од најмладите членови на семејството, секогаш напорен, насмеан и подготвен за шега. Несебичен и со големо срце. Особено се врзуваше за децата бидејќи немаше свои. Некои сегашни средношколци кажа како ги видел насмеани од прво до осмо одделение“, кажал за време на погребот неговиот внук.

Тој покажа голема храброст раширувајќи ги рацете, мислејќи дека ќе успее да го запре водството што му доаѓаше и да ги заштити најмалите. Ние немаме право да го осудуваме нашиот Господ, тој ни даде живот, тој има право да го земе, но не требаше да биде вака. Очекувавме се, но не и ова“, кажал со солзи во очите внукот на Д.В.