ВИДЕО | Брутално убиен турист во центарот на Истанбул – на Интернет кружни вознемирувачка снимка од настанот: Група луѓе се обиделе да му го земат телефонот, а потоа со нож го прободиле во срцето…
Турист од Русија го загубил животот откако бил прободен со нож во срцето во центарот на Истанбул, Турција.
Турските медиуми наведуваат дека во неделата околу 08:30 часот дошло до конфликт меѓу рускиот државјанин Вјачеслав Нечипорук (40 г.) и четворица локални жители во туристичкото место Таксим.
Напаѓачите наводно се обиделе да им го одземат телефонот на руските туристи.
На социјалните мрежи се појави и видео од нападот. Тепачката ја забележале жители на улицата и случајни минувачи. Еден од нив, Хусеин Јорулмаз, кој го видел инцидентот и притрчал да му помогне на туристот, за локалните медиуми изјавил дека го видел напаѓачот со нож во раката.
„Видовме човек од спротивната страна на улицата. Во раката имаше нож“, рекол сведокот на настанот.
Тој додал дека немало спас за туристите: „Видовме дека има многу крв кога му ја кренавме облеката. Дотогаш тој веќе паднал на земја. Се обидовме да му пружиме прва помош“.
Итната помош го однела Русинот во болница, но докторите не успеале да му го спасат животот.
Полициската управа на Истанбул го потврди инцидентот и соопшти дека двајца осомничени веќе се приведени. Се бараат уште двајца. Одделот за безбедност во Истанбул веќе ги обвини уапсените за убиство со умисла и поднесе тужба до судот.