ВИДЕО | ВАКА ИЗГЛЕДА “ГРАД НА ДУХОВИ“ – Речиси и да нема жив човек на улиците во Нагорно-Карабах: Погледнете ги снимките од главниот град

Речиси целото етничко ерменско население побегна од Нагорно-Карабах откако азербејџанската Армија ја презеде контролата врз регионот со молскавична воена операција пред две недели.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, го обвини Азербејџан за етничко чистење. Патиштата што водат до главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт, се речиси пусти – главно има возила на азербејџанската полиција и Армија – а градот, како што покажуваат бројните фотографии и видеа кои се појавија на социјалните мрежи, стана „град на духови“.

Мисијата на Обединетите нации што го посети регионот оваа недела соопшти дека помалку од 1.000 луѓе останале таму.

Мисијата на ОН објави дека по егзодусот во кој повеќе од 100.000 Ерменци избегаа од регионот во последните неколку дена, останале само 500 до 1.000 припадници на ерменската етничка заедница.

Во соопштението објавено на веб-страницата на ОН по еднонеделната мисија предводена од постојаниот координатор на ОН во Азербејџан заедно со други високи претставници на агенцијата, се наведува дека нема знаци на оштетување на јавни објекти во градот Степанакерт.

На мисијата влијаеше начинот на кој локалното население ненадејно ги напуштило своите домови и страдањето што ова искуство сигурно го предизвикало“, вели тимот на ОН, наведувајќи дека не слушнале од локалното население со кое разговарале за какви било случаи на насилство врз цивили по најновиот прекин на огнот.

Се додава дека тимот на ОН забележал дека Владата на Азербејџан прави подготовки за обновување на одредени комунални и здравствени услуги во градот Степанакерт.

Мисијата на ОН не доби пристап до руралните области, но не се забележани знаци на уништување на земјоделската инфраструктура или добитокот, се вели во извештајот.