ВИДЕО | ВАКА ИЗГЛЕДА ПЕКОЛОТ НА ЗЕМЈАТА – Градот кој некогаш беше дом на 70.000 луѓе, денес е претворен во пепел – погледнете како изгледа Бахмут

Новинарот на Financial Times, Кристофер Милер на своите профили на социјалните мрежи сподели страшно видео од окупираниот град Бахмут направено од дрон. 

Кристофер Милер потсетува дека овој град во Украина некогаш бил дом на повеќе од 70.000 луѓе, а денес по неколку месеци руско бомбардирање е целосно во урнатини. 

Како што може да се види од прилогот, не била поштедена ниту детската болница и многу останати цивилни објекти.