ФОТО | Се чини дека актерката Салма Хаек не старее: Објави фотографии во костим за капење и ги запали социјалните мрежи – погледнете

Салма Хаек викендов уживаше на сонцето со својот сопруг Франсоа-Анри Пино, а на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии во розов костим за капење покрај базен. 

За многу кратко време, поради својот атрактивен изглед, 56-годишната актерка собра стотици илјади допаѓања, но и воодушевени коментари и комплименти од нејзиниот изглед.

Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.

На првата од серијата фотографии Салма Хаек ја држи во вода маж чие лице не се гледа, но сосема е јасно дека тоа може да биде само нејзиниот 61-годишен сопруг. На втората фотографија наградуваната актерка ги брише очите по нуркање, а на третата позира стоејќи во водата. Покрај објавата, актерката во описот напишала: „Уживам во прекрасниот благослов на сонцето, водата и љубовта

слика
Салма Хаек

Многу брзо следуваа реакциите на обожавателите кои ја пофалија убавата актерка: „Ти си убава“, „Најубавата жена на светот“, „Прекрасно“, се само некои од коментарите под објавата.

Серијата во розев костим дојде една недела откако актерката ги почести своите многубројни следбеници со многу секси фотографии во бикини.