ВИДЕО | ВАКОВ ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ДОСЕГА НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ – Погледнете како претседателот на Украина се потсмева со заземањето на Крим – реакциите се жестоки!

Пред Володимир Зеленски да стане претседател на Украина, тој се испроба како актер, а беше и сакан комичар чија несолена шега сега повторно стана хит на социјалните мрежи.

Имено, во периодот од 2015 до 2018 година – откако Русија го окупираше полуостровот Крим, а пред да стане претседател на Украина во 2019 година, тој ја исмеваше идејата за повторно преземање на Крим и политичарите кои смело го тврдат тоа.

Ветувам, следната година ќе го вратиме Крим. Се разбира, едвај верувам во тоа. Но, како претседател морам да ја освојам вашата доверба, верба во иднината, бла, бла, бла…“, му се потсмеваше Володимир Зеленски тогаш на тогашниот украински претседател Петро Порошенко, имитирајќи го додека публиката се смее, а на крајот испадна дека се исмева себеси.

Во коментарите на социјалните мрежи многумина бурно реагираа нарекувајќи го телевизиски кловн, но имаше и зборови за поддршка.

Не е важно, работите се сменија. Сега Украинците го враќаат назад“, велат другите.