ВИДЕО | ВИРАЛЕН ХИТ – На Интернет се појави снимка на која Владимир Путин гледа во својот часовник, а едно нешто ги зачуди сите: “Сега е јасно дека ова е неговиот двојник!“

Лидерите на земјите-членки на БРИКС се сретнаа во Јужноафриканската Република, а оваа нова асоцијација на економиите во развој се обидува да се наметне како противтежа на доминацијата на Западот во глобалните работи.

На Самитот пристигнаа претседателите на држави и Влади на Бразил, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, но не и рускиот претседател Владимир Путин, по кого е распишана меѓународна потерница за наводни воени злосторства во Украина. Владимир Путин се вклучи со видео врска, а видео-снимката од неговиот говор брзо се прошири на социјалните мрежи.

Имено, Владимир Путин во еден момент погледнал во левата рака за да го провери времето, но познато е дека рускиот претседател носи часовник на десната рака. Веднаш, се разбира, се појавија теории дека всушност неговиот двојник заборавил дека Владимир Путин носи часовник на десната рака.

На видеото, Владимир Путин прво гледа во левата рака, а потоа збунето се допира зад увото кога сфаќа дека таму нема часовник.

Наводниот двојник на Владимир Путин вршел толку голема работа, а потоа се посрамотил штом се обидел да го најде часовникот на левата рака, бидејќи вистинскиот Владимир Путин носи часовник на десната рака секогаш.

Упс, на двојникот не му кажале дека Владимир Путин носи часовник на десната рака!“, „Кога ФСБ ќе ги научи двојниците на Владимир Путин дека носи часовник на десната рака ?!“, се дел од коментарите кои се појавија на социјалната мрежа Твитер покрај видеото од збунетиот руски претседател, додека има и такви коментари кои велат дека Владимир Путин е дементен старец кој заборавил на која рака го носи часовникот.