ВИДЕО | ВЛАДИМИР ПУТИН СЕ ЗАКАНИ НА УКРАИНА – Министерството за одбрана на Русија доби итна наредба да се ‘одмазди’ за нападот на мостот на Крим

Претседателот на Русија, Владимир Путин, му нареди на Министерството за одбрана да подготви одговор за „терористичкиот напад“ врз „режимот“ во Киев поради нападот мостот на полуостровот Крим.

На мостот вечерва е извршен уште еден чин на тероризам. Беа убиени цивили. Дете е рането и останало без родители. Семејството замина на Крим“, рекол Владимир Путин.

Претседателот на државата нагласил дека ќе се разјаснат сите околности за нападот на мостот.

Ова е бесмислена воена цел, која нема никакво значење, бидејќи мостот на Крим долго време не се користи за воен транспорт. И сурово затоа што невини цивили беа ранети и убиени. Русија ќе одговори на овој терористички напад. Министерството за одбрана веќе подготвува релевантни предлози“, нагласил рускиот претседател.

Владимир Путин истакнал дека „добрата вест“ е што столбовите на мостот не се оштетени.

Тој рекол и дека чека конкретни предлози за подобрување на безбедноста на мостот на Крим бидејќи тоа е веќе „втор терористички напад“ на стратешки важен транспортен објект.

Националниот комитет за борба против тероризмот соопшти дека Киев извршил терористички напад на мостот на Крим во понеделникот во 3 часот по полноќ со помош на две подводни беспилотни дронови. Оштетена е компонентата на коловозот на мостот, две возрасни лица загинаа, а едно дете е повредено.