ВИДЕО | Володимир Зеленски остро му одговори на Владимир Путин: “Ниту еден американски систем не е уништен, сите се тука!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја објави најновата видео порака во која тврди дека изјавите од Русија за уништените американски системи за воздушна одбрана (ПВО) Patriot, кои беа поставени околу Киев, не се точни.

Украинската национална медиумска агенција Ukrinform објави дека во вечерашното обраќање Володимир Зеленски се заблагодарил на 96-та бригада на украинските воздухопловни сили, која е задолжена за операциите на против-воздушната одбрана на небото на главниот град.

Кој и да каже во Русија дека нашите системи се уништени, тие се уште се тука, работат, сите соборуваат руски ракети на најефикасен можен начин“, тврди тој.

Неговата изјава дојде откако рускиот претседател Владимир Путин, во говор одржан на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, кажа дека руските сили уништиле пет системи за воздушна одбрана Patriot во близина на Киев.