ВИДЕО | ВООЗНЕМИРУВАЧКА СООДРЖИНА – Израелски војници со џип прегазуваат тела на убиени Палестинци

На видео-снимка од безбедносна камера пред куќа во градот Тулкарм на Западниот Брег се гледаат израелски војници во возило со кое повеќе пати прегазуваат тело на Палестинец што го застрелале за време на рација.

Израел веднаш не ја коментираше видео-снимката, која се појави откако израелската гранична полиција во понеделникот соопшти дека нејзините командоси извршиле рација во Тулкарем за да уапсат баран милитант и убиле тројца вооружени лица во конфронтација.

Видео-снимките од понеделникот покажуваат како израелските безбедносни сили се приближуваат до куќата ноќе и пукаат во група млади мажи, од кои најмалку еден е вооружен, откако тие истрчале од куќата на улица.

Двајца од нив биле удрени на улица и останале да лежат, а видео-снимката од друг агол покажува дека е погоден и трет маж.

На видео-снимката се гледа возило на израелските безбедносни сили како се приближува до две тела на земја и прегазува едно од нив, а во еден момент застанува пред нозете на човекот.

На видео-снимката, очигледно направена подоцна, се гледа дека едното тело очигледно се преместило на страната на патот додека друго возило се движи над второто тело и потоа маневрира над него уште два пати односно го прегазува.

Запрашан за видеото, портпаролот на граничната полиција ја упати медиумската агенција Reuters во канцеларијата на портпаролот на израелската Армија, кој веднаш не даде коментар.

Видео-снимката од истата сцена, но од друга камера, очигледно снимена неколку моменти порано, покажува како неколку Палестинци бегаат од куќата, додека едниот му подава пушка на друг, кој веднаш е застрелан.

На видеото се гледаат двајца мажи на улица од друг агол, како и трет маж како лежи на патеката од куќата.