Вчера беше урнат мост во руската област Воронеж. Станува збор за регионот низ кој поминале силите на Вагнер на пат кон Москва, до кој, на крајот, не стигнале.
Мостот е кренат во воздух, најверојатно со намера да ги спречат да напредуваат понатаму. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот на експлозијата. Самиот мост не може да се види бидејќи видеото е снимено во автомобил кој вози по патот недалеку од мостот.
Сепак, силната детонација доведе до сообраќајна несреќа.