ВИДЕО | ВО СЕНКА НА СМРТТА НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН, СЕ СЛУЧИ СЕНЗАЦИЈА – Украинската Армија слета на Крим: “Го кренавме знамето!“
„Украинската одбранбена разузнавачка служба во четврток наутро во соработка со морнарицата изврши слетување на територијата на привремено окупираниот Крим“, соопштија украинските власти, а на социјалната мрежа Телеграм се тврди и дека украинското знаме било подигнато на територијата на Крим, а на Интернет кружат видеа на кои се гледа украинското знаме.
Оваа информација за украинските медиуми ја потврдил Андриј Јусов, претставник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина.
„Во рамките на специјалната операција беше извршено слетување на полуостровот. Одбранбената разузнавачка служба на Украина во соработка со морнарицата изврши специјална операција, ја постигна целта, а меѓу персоналот немаше жртви. Специјалната операција продолжува, не ги откриваме сите детали, има загуби во живата сила на непријателот, како и во сили и средства. Податоците за бројот на жртвите се уште се собираат“, кусо изјави Андриј Јусов.
Видеото од слетувањето беше објавено и на профилите на социјалните мрежи на ГУР на Министерството за одбрана на Украина.
„Ноќта на 24. август беше одржана операцијата ГУР на Министерството за одбрана на Украина за поддршка на морнарицата во привремено окупираниот Крим. Специјални единици на пловни објекти слетаа на брегот во реонот на населбите Оленивка и Мајак“, стои во пораката објавена на социјалната мрежа Фејсбук.