Страшна несреќа во Собранието на Србија: Загина работник за одржување на лифт

Работник за одржување во зградата на српскиот парламент во Белград загинал додека се обидувал да поправи товарен лифт, потврдија од Вишото јавно обвинителство на Белград.

Додека траеше поправката, лифтот ненадејно стартуваше и го усмрти работникот. Истрагата ја водат дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград и припадници на полицијата, јави РТС.

Како што се наведува во соопштението, дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград извршил увид на лице место.

„Досега е констатирано дека Н.К отишол во куќата на лифтот и ја турнал главата во металната конструкција и го притиснал прекинувачот на лифтот, но, најверојатно, прекинувачот бил погрешен, па лифтот тргнал во погрешна насока, како поради што Н.К се здобил со фатални повреди на главата“, пишува во соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Се наведува и дека Н.К во моментот на несреќата бил сам, а неговото тело е испратено на обдукција. До несреќата дошло додека Н.К се обидувал да го поправи лифтот, кој му ја скинал главата.

Веднаш била контактирана итна помош, но единствено што можеле да констатираат е смрт. Истрагата ја водеа дежурниот обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград заедно со полицијата. Сите планирани активности на претседателот на Собранието и пратениците за денеска се откажани.