ВИДЕО | ВО ЦЕНТАР – Зошто Али Ахмети за прв пат зборуваше на македонски јазик !?

Неприкосновениот „лидер“ на Албанците во Македонија добро е познато дека во сите негови јавни говори, изјави и слично како официјален јазик го користи албанскиот, но, зошто Али Ахмети по повод честитката за 24. мај за прв пат на македонската јавност им се обрати на македонски јазик !?

Видео-честитката која беше споделена на социјалната мрежа Фејсбук односно на профилот на претседателот на ДУИ, предизвика вистинска лавина од рекации помеѓу граѓаните поради фактот дека Али Ахемти зборуваше на македонски јазик за прв пат во неговата политичка кариера.

Многу од граѓаните си го поставија прашањето зошто по толку многу години на политичката сцена Али Ахмети токму сега почна да зборува македонски јазик.

Одговорот на ова но и на многу други прашања во врска со последните и најновите политички збиднувања во нашата држава можете да го пронајдете во најновата политичка анализа на Васко Ефтов во рамки на емисијата „Во Центар“.

Погледнете ја емисијата, бидејќи вие имате право да ја знаете вистината!