ВИДЕО | “ВРАТЕТЕ ГО ДОНАЛД ТРАМП, ВЕДАНШ!“ – Виктор Орбан го има рецептот за ставање крај на војната во Украина !?
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е повторно да се избере Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави (САД).
Во интервјуто објавено од Такер Карлсон на социјалната мрежа Х (Твитер), Виктор Орбан ја пофали надворешната политика на Доналд Трамп, а истовремено остро ја критикуваше актуелната администрација на претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот пристап кон војната во Украина.
Тој вели дека враќањето на Доналд Трамп на функцијата „ќе биде единствениот излез“ од конфликтот, додавајќи дека секоја сугестија дека Украина може да победи во војната против Русија е лага.
Получасовното видео, кое е снимено на 21. август во премиерската резиденција во Будимпешта, е второто интервју на Такер Карлсон со Виктор Орбан.
Во ова интервју, Виктор Орбан ги осуди федералните обвиненија на американските власти против Доналд Трамп, што според него би било незамисливо да се случи во Унгарија.
Тој, исто така, се пожали на напорите на Стејт департментот да ја поттикне унгарската Влада да го подобри владеењето на правото и досието за човекови права, велејќи дека и покрај тоа што Унгарија е членка и сојузник на НАТО, САД ја третира полошо од Русите.
Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Владата на Виктор Орбан одржува блиски врски со официјална Москва и во повеќе наврати се закани дека ќе ги блокира санкциите на ЕУ против Русија.
Виктор Орбан, кој е премиер од 2010 година, често беше критикуван за неговото се поавтократско владеење.
Европската унија, САД и бројни меѓународни набљудувачи тврдат дека Виктор Орбан ги ограничил правата на малцинствата, ја презел контролата врз судството и медиумите и манипулирал со изборниот систем за да ја обезбеди својата моќ.