ВИДЕО | ГОЛЕМИОТ ‘КАМ-БЕК’ НА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ – По долги години борба со тешка болест, Бела Хадид се врати на модните писти и објави снимки од бекстејџ: “Посилна од било кога!“
Убавата Бела Хадид се врати во својот бизнис со моделирање пет месеци откако зеде боледување и се одмори од долгогодишната битка со Лајмската болест.
„Прв ден на сет по пет месеци“, напиша 26-годишната манекенка додека во средата споделуваше видео-снимки од зад сцената на социјалната мрежа Тик Ток.
Бела Хадид, која ги информираше обожавателите за нејзините тековни здравствени проблеми, изгледаше свежо, одморено и расположено додека позираше на столче за шминка. Објавата предизвика излив на љубов од обожавателите, а многумина ѝ кажаа на популарната Бела Хадид дека им е драго што таа се чувствува подобро. Исто така, многумина истакнаа дека таа изгледа убаво и посилно од било кога.
За потсетување, Бела Хадид направи пауза од кариерата и се повлече од социјалните мрежи за да започне со лекување на Лајмска болест со надеж дека ќе ги стави симптомите на хроничната болест „под контрола“. За време на викендот, таа објави серија спомени кои ја прикажуваат во најлошите моменти од нејзините здравствени проблеми, како и прикази од нејзините медицински досиеја од последните неколку години, пренесува Daily Mail.
Фотографиите односно приказите ги покажуваат документираните здравствени проблеми кои ја мачеле со години, дури и кога станала една од најбараните манекенки во светот.
Претходно, и покрај исцрпувачката болест и болните третмани, таа истакна дека „нема ништо да промени“ и дека „ќе помине низ сето ова повторно“, бидејќи на крајот тоа ја направило таква каква што е денес.