Микрофонот на Карди Би со кој гаѓаше фан на концерт е продаден за речиси 100.000 долари

Две недели откако раперката Карди Би стана насловна поради тоа што фрли микрофон кон жена од публиката, тој микрофон е продаден за речиси 100.000 долари на eBay.

Истиот беше ставен на аукција од сопственикот на компанија за изнајмување аудио опрема, кој рече дека целиот приход ќе биде наменет за добротворни цели. Скот Фишер изјави за CBS дека првично се надевал дека понудата ќе достигне 5.000 долари.

На снимката се гледа како Карди го фрла микрофонот откако една жена ја полил со пијалок за време на концерт во Лас Вегас. Полицијата соопшти дека ѕвездата нема да биде обвинета.

Снимката набрзо стана вирална, што го натера Фишер да го стави предметот на продажба. Наддавањето на крајот заврши на 99.900 долари.

Фишер рече дека приходите ќе бидат наменети за хуманитарни цели за ветераните, проектот Wounded Warrior и Friendship Circle Las Vegas, кој ги поврзува младите волонтери со лицата со посебни потреби.

„Мислев дека ќе привлече национално внимание, но количината на вести е запрепастувачка“, рече тој.

Тој рече дека потврдил дека микрофонот што се продавал навистина бил оној што Карди го користела во тоа време.