ВИДЕО | Членовите на генерацијата Z не можат да се изначудат како во 1999 година изгледаше најобичното ТВ

На новогодишната ноќ во 1999 година, едно момче на пријателите им се пофали со својот нов телевизор кој чини дури 5.000 долари или околу 4.650 евра. Оттогаш поминаа 23 години и многу работи се променија, особено кога станува збор за технологијата.

Носталгичната снимка повторно почна да се шири на социјалните мрежи, а членовите на генерацијата Z не можат а да не се запрашаат како изгледала таа прекрасна направа на почетокот на милениумот. На видеото објавено на интернет, може да се забележат гости како пристигнуваат на новогодишна домашна забава, а момчето им кажува дека ги чека „изненадување“. 

Мислам дека ќе се воодушевите“, вели гордиот сопственик на новата телевизија во клипот што е прегледан повеќе од пет милиони пати. 

Тешки телевизори 

„Не можам да замислам колку беше тешко да се спушти по скалите во подрумот, а да не испадне. Луѓето не се сеќаваат колку беа чудни тешките телевизори порано“, напиша едно лице. 

Друг коментираше: „Леле! Ова навистина покажува колку драстично и брзо технологијата се промени и подобри. Навистина не беше толку одамна, ако се земе предвид сите работи“. 

„Времињата се сменија“, напиша четвртиот, а петтиот предложи: „Само чувајте го уште неколку години и продадете го како редок предмет за милион долари“.