ВИДЕО | “ГОЛЕМИОТ ШЕФ ГО ПОТВРДИ КРАЈОТ!“ – Во разговор со учесниците, Жељко Митровиќ го најави крајот на контраверзното ријалити шоу “Задруга“!

Сопственикот на српската телевизија Пинк, контраверзниот, Жељко Митровиќ, претходниот ден влезе во реалното шоу „Задруга“ за да разговара со учесниците и да им соопшти важни вести.

Неговиот влез ги изненадил сите учесници на шоуто, а секако и многубројните гледаши. „Големиот шеф“ направи преседан и влезе во т.н. „Бела куќа“ за прв пат во сите шест сезони за да има сериозен разговор пред милиони гледачи на ријалити програмата, која не само во Србија, популарна е и кај нас.

За одлуката на продукцијата тој ги извести учесниците дека веднаш ќе бидат дисквалификувани доколку влезат во каква било физичка пресметка.

Дополнително, „Големиот шеф“ објави дека се уште не е сигурен дека реалното шоу во иднина ќе се емитува на ТВ Пинк. Она во што е сигурен е дека ова е последна сезона на „Задруга“ и дека доколку повторно го емитува реалното шоу, тоа ќе биде осмислено и организирано во сосема нова форма.

Јас и моите најблиски соработници ќе седнеме и ќе видиме дали воопшто ќе имаме реално шоу во иднина, а ако имаме, сигурно ќе има нова форма, така што ќе бидете познати по нешто што не е една мала работа, а тоа е дека ќе бидете последната генерација од оваа ера на ова шоу. Така реков, нулта толеранција за физички контакт, сите хонорари ќе ги изгубите, со нула толеранција за таков чин!“, кажал сопственикот и директор на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ.