ВИДЕО | Голите гради на Хајди Клум ја разбудија фантазијата на обожавателите: Супер-моделот и на 50 години покажа дека годините за нејзе се само бројка

Познатата манекенка Хајди Клум (50 г.) редовно ги почестува обожавателите со секси фотографии и видеа на социјалните мрежи. Така и овој пат како задоцнет подарок за Божиќ под сенка на дрво ја покажа својата неверојатна фигура.

Постудените места ги заменила со потопли, па решила максимално да го искористи тоа. На видеото кое го сподели може да се види како се сонча на плажа, облечена во минијатурен долен дел од костим за капење, додека голите гради ги покрива само со раката, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм таа откри како го прославила Божиќ со сопругот Том Каулиц на егзотична дестинација.

Хајди Клум не крие дека и на 50 години е во топ форма и е горда на своето тело. Неодамна таа ја следеше трката во Формула 1 во Лас Вегас и на неа дојде облечена во шорцеви и мрежести најлони, а голите гради ги покри само со црна јакна.