ВИДЕО | Град со големина на тениско топче уништувал се пред себе! Над 100 повредени во Италија поради големото невреме, а службите регистрирале најмалку 500 повици за помош – погледнете
Најмалку 110 лица се повредени во Италија во невремето што го погоди северниот дел на земјата.
Лука Заја, претседател на североисточниот регион Венето, објави дека во областа паѓало град со големина на тениско топче.
CNN јавува дека итните служби примиле повеќе од 500 повици за помош и дека невремето предизвикало голема материјална штета.
Градските топки, од кои некои со пречник од десет сантиметри, скршиле се пред себе, стакла, стакла од автомобили и ќерамиди.
„Невремето, откако ги зафати планинските предели, се спушти во рамнината. Многу луѓе се повредени“, изјавил Лука Заја, пренесуваат тамошните медиуми.
Тој додал дека најголем дел од повредите се исеченици од скршено стакло или падови по лизгање на мраз.
Северниот италијански регион Ломбардија денес го зафати силно невреме, а торнадо е забележано и во провинцијата Милано.
Претходно во вторникот во Рим беа измерени рекордни 41 Целзиусови степени.
Во мај, североисточниот регион Емилио Ромањо беше погоден од поплави какви што не беа видени во последните сто години, кога животот го загубија 17 лица.