ФОТО | Џенифер Лопез го покажа вистинското лице без ниту грам шминка! Славната пејачка поради една причина целосно ги загубила нервите: “Ебе** се, чао!“ – погледнете

Познатата актерка и пејачка, Џенифер Лопез, не била воопшто воодушевена кога за време на нејзината вообичаена и редовна посета на теретана во средата ја пречекала заклучена врата.

Таа била прилично фрустрирана бидејќи не можела да влезе во салата на „Tracy Anderson“ во Лос Анџелес, место кое го посетуваат многу холивудски ѕвезди.

Магазинот TMZ добил видео од Џенифер Лопез како избезумено тропа на вратата. На крајот успеала да влезе бидејќи некој внатре и ја отклучил вратата и таа можела да започне да вежба.

По тренингот, сеприсутните папараци ја пречекале пред влезот, каде исто така ја чекал и нејзиниот автомобил.

Некои од папарацо-новинарите и посакале „добар ден“, но популарната Џеј-Ло ги поздравила со погрдни зборови: „Евете се, чао!“.

Џенифер Лопез е редовен посетител на теретана, а доказ за тоа е нејзината беспрекорно затегната фигура.

слика
слика
слика